
0 viewsНикола Бадев (1918 – 1976) е еден од најпознатите пејачи на изворни македонски песни. Освен како пејач, Никола Бадев бил познат и како собирач на народни песни а во 2006 г. е издадена и збирка, промовирана на концерт оддржан во чест на големиот доајен на народната песна.
Тој првиот свој настап го имал на Радио Скопје во 1948 г. Всушност, тој настап бил и почеток на една блескава кариера на естраден уметник и една од легендите на интерпретаторите и афирматорите на македонската песна. Од тогаш тоа ретко грло ги испеа познатите најлирски песни. Пеел за копнежот на вљубените, оживувал ликови и војводи.
*Кариера
Многупати ја обиколувал својата земја и светот. Ги испеал нашите најлирски песни, издал 100-тина плочи, неколку пати ја обиколил земјата и светот. За своите 58 години живот стана вистински народен уметник, кој самиот рекол, песната е мојот живот. Иако гласот насекаде му е препознатлив, сепак неговото име најмногу е поврзано со песната Параходот.
* Македонската песна и Бадев
Параходот стана негова лична карта и химна на Кавадарци, но ги пееше и Збогум мила,Блазе тебе Митро, Меѓутоа,тој имал и многу весели песни - Стани моме да заиграш, пеел и комитски,хумористични, песни од сите жанрови. Имал компонирано и свои песни, но во тоа време не можело да има новокомпонирана песна, така што морал да каже дека таа песна е народна. Затоа многу негови песни се претопиле во народни.
*Гордост на семејството Бадеви
„Детството со него ми беше многу среќно, нашата куќа беше постојано со игра и песна“, вели Роска Бадева. Татко ми Никола беше единствен човек, со неговиот златен глас тој беше амбасадор на македонската народна песна, со гордост изјавува постарата ќерка Сузана. „Се сеќавам во младоста кога доаѓаше од странство постојано раскажуваше за неговите доживувања со иселениците, како плачат и како го дигаат во раце, тагуваат за земјата која е напуштиле“, вели Сузана Бадева. Во негова чест е поставена биста во родното Кавадарци, финансирано од локалната самоуправа и брат му Димитар. „Јас 15 години бев кога заминав од Кавадарци, тој остана тука, а јас заминав на печалба“, вели Димитар Бадев. Неговата ќерка Роска која е и автор на монографијата издадена по повод 20 години од смртта на Бадев ја промовираше и книгата збирка народни песни, која содржи 140 од вкупно 800, што нејзиниот татко ги собирал за време на неговиот живот. Најомилена песна на семејството е „Ајде дали знаеш Милице“ посветена на сопругата на Никола Бадев, Милица, песна која секогаш се пее на семејни веселби[2].
* Згаснување на животот на доајенот на македонската народна песна
Болеста го пресекла во 58-та година, меѓутоа и во тие тешки моменти тој пеел. Никола Бадев замина од овој свет а со својата интерпретација остави неизбришливи траги во нашето творештво, ги испеа најлирските песни, ги разбуди најдлабоките чувства на слушателите и како птица-славеј го прелета светот на кој му раскажа дека на Балканот постои еден народ, мал по бројност, но голем по своето културно, уметничко и историско богатство.sardFeb 06, 2012
|
|

0 viewsПЕТРЕ ПРЛИЧКО
Петре Прличко (Велес, 13 март 1907 - Скопје, 16 ноември 1995) е актер во повеќе филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации. Сам по себе претставува вистинска легенда и завзема голем удел во македонското глумиште во 20-от век.
И покрај тоа што бил запишан во гимназија, Петре Прличко не останал долго време таму. Во 1923 година ја напушта гимназијата и се приклучува кон патувачката група на Михајло Лазиќ. Откако прошетал низ неколку театарски дружини, во 1931 година, охрабрен од начинот на кој го примила публиката, тој основа свој сопствен театар "Боем".
Од 1939 членувал во Народниот театар во Скопје, па од 1944 во партизанскиот театар „Кочо Рацин“ кој подоцна прераснува во Македонскиот народен театар. Токму тука неговиот талент блеснува во полн сјај и тој станува најзначајната личност на македонската сцена во тоа време. Во меѓувреме го испробува својот талент и како театарски режисер.
Со филмот „Фросина“ (1952) тој го доживува своето филмско деби. Со своите импресивни комични трансформации и изведби на улоги на „човек од народот“ го истакнува својот посебен уметнички сензибилитет, на ниво на кое може да му завидат многу други наши актери.
Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, Орден за заслуга (доделен од Георги Димитров) и други.
Во една прилика Петре Прличко изјави дека сепак ако мора да избере една улога како најдрага тоа секако ќе биде "Манданата" т.е. неговиот лик во филмот "Мис Стон", за која ја доби и наградата „Златна арена“.
Од неодамна востановена е награда за животно дело „Петре Прличко“ која се доделува на актер од средната генерација и таа се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и соодветна парична награда.
Во 2004 година Јелена Лужина објави монографија за Петре Прличко, во издание на „Магор“.
Награди
1959 Пула, „Златна арена“ за главна машка улога во филмот „Мис Стон“
1991 Ниш, награда „Славица“ за животно дело.
Филмографија
Фросина - 1952 (Главна улога)
Волча ноќ - 1955 (Главна улога)
Мис Стон - 1958 (Главна улога)
Виза на злото - 1959 (Споредна улога)
Мирно лето - 1961 (Главна улога)
Солунските атентатори - 1961 (Главна улога)
Твојот роденден - 1961 (Главна улога)
Денови на искушение - 1965 (Главна улога)
До победата и по неа - 1966 (Главна улога)
Каде по дождот - 1967 (Споредна улога)
Македонска крвава свадба - 1967 (Главна улога)
Мементо - 1967 (Главна улога)
Планината на гневот - 1968 (Главна улога)
Републиката во пламен - 1969 (Главна улога)
Жед - 1971 (Споредна улога)
Македонски дел од пеколот - 1971 (Главна улога)
Време, води - 1980 (Главна улога)
Време, живот - 1999 (Главна улога)
Други филмови
Капетанот Леши (KAPETAN LEŠI) - 1960
Парче Плаво Небо НЕБО (PARČE PLAVOG NEBA) - 1961
Пресметка (OBRAČUN) - 1962
Невесинско Пушка (НЕВЕСИНЈСКА ПУШКА) - 1963
Народен Пратеник (НАРОДНИ ПОСЛАНИК) - 1964
Не Се Враќај По Истиот Пат (ПО ИСТИ ПОТИ СЕ НЕ ВРАЧАЈ) - 1965
Братот На Доктор Хомер (BRAT DOKTORA HOMERA) - 1968
Капетанот Микула Мали (KAPETAN MIKULA MALI) - 1974
Ужичка Република (UŽIČKA REPUBLIKA) - 1974sardFeb 06, 2012
|
|

0 viewsAЛЕКСАНДАР САРИЕВСКИ
Александар Сариевски; Роден: 20 јуни 1922 Галичник; Починат: 19 декември 2002 Скопје
Извонредниот пејач и композитор на песни, Александар Сариевски (20 јуни 1922 - 19 декември 2002), e една од најголемите легенди на македонската музика. Роден во Галичник, средното образование го завршил во Скопје, кога и почнал да свири хармоника. Во 1946 во Македонското радио ја снимил песната «А бре невесто око калешо», со што почнува неговата голема и исклучително богата музичка кариера.
Во своите песни ги опеал родниот Галичник, невозвратената љубов, печалбарството, а познат е и по многуте хумористични песни. Тој беше пејач за кој со право народот вели дека се раѓа еднаш во сто години и чии песни вечно ќе зрачат со својот сјај. Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство.
Сариевски е еден од основачите на ансамблот «Танец» и постојано патувал низ светот во благородна мисија на ширење на приказната за оригиналниот македонски народен мелоз. Сариевски е еден од најголемите амбасадори на автентичната култура на македонскиот народ.На првата турнеја од Ниш до Сплит тргнал далечната 1950 година и од тогаш постојано патувал низ светот во благородна мисија на ширење на приказната за оригиналниот македонски народен мелоз.
Македонската култура и македонската музичка сцена му е благодарна на Александар кој беше човекот што ги премости океаните и на сè македонско во светот со децении му носеше врска со родниот крај, а на далечните народи најубедливо им говореше за трајноста на македонското име и богатството на неговата културна ризница.
Со смртта на овој доајен НА 19 декември 2002 замина човекот, кој низ звукот на тапанот во „Тешкото“, низ народната песна, низ целиот свој живот од Галичник до легендата ја опеваше душата и битот на македонскиот народ.Извонредниот пејач, композиторот на песните за кои помладите мислат дека се народни, Александар Сариевски, беше и ќе остане една од најголемите легенди на македонската музика.
Сариевски е запаметен по песните:
«Зајди, зајди јасно сонце»
«Учи ме мајко, карај ме»
«Јовано, Јованке»
«Море сокол пие»
«Дејгиди луди млади години»
«Абер дојде Донке»
«Зајко кукурајко»
«Кандисал Ајрудин паша» и многу други.sardFeb 06, 2012
|
|

0 viewsДАРКО ПАНЧЕВ
Дарко Панчев (роден на 7 септември 1965 година во Скопје) е македонски фудбалер кој се смета за еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња. Своите фудбалски почетоци ги бележи во ФК Вардар Скопје во младинската школа на истоимениот клуб. Уште на самиот почеток од својата фудбалска кариера ги изразил своите напаѓачки атрибути. Од 1982 до 1988 година играл за својот матичен клуб. Со прикажувањето на одлични голгетерски способности му се отворил нов хоризонт кон неговата кариера и тоа во гигантот Црвена звезда каде што настапил четири години. Добил златна копачка за најдобар напаѓач во Европа со 34 постигнати гола и на црвено-белите, а воедно дал голем придонес за освојување на лигата на европските шампиони во 1991 година. Во тие моменти доживеал светска слава и имал одлични понуди од неколку светски гиганти но тој се одлучува да стане нов член на Интер Милано. Но за жал во миланскиот гигант повеќе ќе добие репутација на личност за која се интересираат папараците и комерцијалните компании. Тука била ставена кочница во неговата кариера. По неуспешната одисеја во Интер Милано преминал во уште неколку европски клубови како Локомотив Лајпциг, Фортуна Диселдорф и ФК Сион кога во 1997 година на само 32 години ја завршил невпечатливо својата кариера.
Денес тој живее во Скопје и води мирен живот. Влезе во брачните води со познатата пејачка Маја Гроздановска-Панчева и со неа има две ќерки, Надица и Марија. Сопственик е на кафе-бар „Деветка“ во Трговски центар Беверли Хилс, во којшто на љубителите на фудбалот им се пружи одлична прилика за забава во слободното време . По завршувањето на фудбалската кариера определен период се повлекол од активности поврзани со фудбалот, а неколку години подоцна се јавил како функционер во Македонија Ѓорче Петров а подоцна и во ФК Вардар но на тој план не забележал некој позначаен успех.Својата кариера како професионален фудбалер ја започнал во 1982 година во ФК Вардар каде што играл 6 години до 1988. Во сезоната 1983/84 станал најмладиот европски стрелец во едно првенство со постигнати 19 гола.Благодарение на неговите блескави игри како и на неговиот соиграч Илија Најдовски во дресот на црвеноцрните, Вардар во сезоната 1986/87 година успеал да стане шампион во престижното првенство во тогашната Сојузна Република Југославија, во конкуренција на врвните екипи како ФК Црвена звезда, ФК Партизан, Динамо Загреб, Хајдук и други познати екипи кои ја сочинувале најквалитетната југословенска лига. Со тоа ФК Вардар за првпат станал шампион во југословенската прва лига. Тоа секако не било случајно. Од тој момент настанал пресврт во кариерата на Дарко Панчев.Во 1988 година најдобрата понуда за афирмација на неговиот талент му ја понудил најголемиот тим во тогашната СРЈ, Црвена звезда за која што потпишал договор. Истата 1988 година најпрвин ја извршил граѓанската должност во југословенската армија попозната како ЈНА.По излегувањето од армијата во 1989 година по само неколку одиграни натпревари за својот нов клуб покажал дека се работи за напаѓач од највисоката класа. Како изминувало времето, тој во својот нов клуб уште на почетокот му влеал страв и трепет на противничките голмани, со неговота ладно-икрвност и со неговото неверојатно чувство додека се наоѓа пред противничкиот шеснаесетник. За четири години поминати во белградска ФК Црвена звезда успеал да постигне многу значајни погодоци. За време на неговиот четиригодишен претстој во дресот на Звездашите успеал да ги донесе до три шампионски титули и тоа во 1989/90, 1990/91 и 1991/92. Во финалето на националниот куп во 1989/90 година успеал да го постигне одлучувачкиот гол за црвено-белите а со тоа и да им ја донесе титулата во националниот куп. Дарко Панчев за четири поминати сезони во Црвена звезда, три години бил најдобар стрелец во Југословенското првенство и тоа во сезоните 1988/89,1899/90 и во сезоната 1990/91, или вкупно четирикратно најдобар стрелец во југословенското првенство вклучувајќи ја сезоната 1983/84 во ФК Вардар. Во сезоната 1990/91 година го доживувеал врвот на својата кариера, и постигнал рекордни 34 гола во најелитното југословенско првенство и ја добил престижната „Златна копачка“ за најдобар европски стрелец која веднаш не му била доделена поради распадот на Југославија.
Во тој период Дарко Панчев го добил прекарот „Кобра“ како истоимената змија бидејќи претставувал смртоносна опасност за противничкиот гол секогаш кога ќе се најдел во таква ситуација. Во истата сезона во лигата на шампионите Црвено-белите имале одличен потенцијал и стигнале во финалето на Лигата на шампионите биле предводени во нападот со одличниот Дарко Панчев којшто успеал да постигне неколку важни одлучувачки погодоци до патот кон финалето, како што е одличниот погодок против Глазгов Ренџерс, така и против грчкиот Панатенаикос, кој можеби е најубавиот гол во неговата фудбалска кариера. Токму пред натпреварот против грчкиот Панатенаикос, Дарко не бил пуштен да ја помине грчката граница поради спорот за името, бидејќи тој се пријавил како Македонец, но случајот веднаш бил пријавен во УЕФА и Дарко настапил и го постигнал неверојатниот погодок. На финалниот натпревар во Бари, Италија на 29 мај 1991 година против францускиот Олимпик Марсеј, Дарко одиграл одличен натпревар иако не постигнал гол. По регуларните 90 минути а и по продолженијата резултатот останал 0:0. По изведувањето на пенали Дарко го реализирал одлучувачкиот пенал и на Звезда успеал да и ја донесе првата европска титула. По натпреварот за Дарко се слушало насекаде низ Европа. Но тоа не било се од него.
Голем удел имал и во освојувањето на титулата светски клупски првак кога тој постигнал гол во натпреварот со Јужноамериканскиот тим Коло-Коло кога Звезда победила со 3:0. Во тие моменти Дарко се наоѓал на крилјата на славата. Во 1992 година имал повеќе понуди од многу фудбалски гиганти но тој се одлучил да премине во Интер Милано, со кој потпишал договор во истата година. Во Интер Дарко наводно имал многу несогласувања со тренерот на клубот, па така се почесто останувал на клупата. Одиграл само 12 натпревари во сите конкуренции и постигнал еден единствен гол, што било премалку за стрелец од негов калибар. Во јануари 1992 година бил позајмен во германскиот клуб ВФП Лајпциг за кој одиграл само десет натпревари и постигнал два гола. По позајмицата повторно се вратил во Интер и одиграл само 7 натпревари и постигнал два гола а по една година поминати низ фрустрации преминал во Фортуна Диселдорф во 1995/96 за која во 14 натпревари постигнал 2 гола. Својата фудбалска кариера како активен фудбалер ја завршил во швајцарскиот прволигаш Сион во 1997.
Дарко бележи настапи и на репрезентативен план. Најпрвин настапил за елитната Југословенска репрезентација во друштво на Савиќевиќ, Шукер, Јарни, Просинечки, Катанец и други познати фудбалери. Во квалификациите за Европското првенство 1992, Панчев бил најдобар европски стрелец со вкупно 10 постигнати гола. Постигнал и 2 гола на натпреварот против Емиратите на Светско првенство во Италија 1990 година кога Југославија завршила како петта.
Вкупно на 30 натпревари за Југославија постигнал 17 гола.За Македонската фудбалска репрезентација бил повикан на првиот натпревар против Словенија кога Македонија победи со 4:1. Дарко тогаш бил асистент и стрелец на еден погодок. За Македонија вкупно одиграл 6 натпревари и постигнал 1 гол.
По завршувањето на фудбалската кариера Дарко Панчев одреден период се повлекува од активности поврзани со фудбалот. Но по некое време се јавува како функционер во Македонија Ѓорче Петров а подоцна и во неговиот матичен клуб ФК Вардар. Во Вардар работи како спортски менаџер и се среќава со огромен број на проблеми во клубот и има големи несогласувања во текот на работењето. На тој план не бележи некој поголем успех. Наводно имал понуда да биде на директорската функција во Црвена звезда но тој ја одбил таа функција.
Златната копачка на престижниот француски весник „Л“екип“ наменета за најдобрите стрелци на Европа, конечно стигнала до Дарко. Ја заслужил во 1991 година кога во Југословенското првенство постигнал 34 гола. Ја примил на 4 август 2006 во Скопје, лично од Мишел Платини.“Оваа сатисфакција е голема.Прекрасно чувство е да се наоѓаш со вакви големини и драго ми е што овој трофеј најпосле се донесе во нашата држава, затоа што никој никогаш не го негирал неговото освојување. Проблемот е само што не ми беше предаден заради икс причини, поради распадот на Југославија, војната и.т.н. Но, ете таа неправда се исправи. “На свечениот чин, покрај легендарниот Платини, учествувале високи претставници на „Л’екип“, претседателот на ФК Црвена звезда, Драган Стојковиќ, раководството на фудбалската федерација на Македонија, која бил и иницијатор за Дарко да го добие назад она што му припаѓа.sardFeb 06, 2012
|
|