Сега е точно: 09 Сеп./10, 06:06




 Страна 22 [ 19 мислења ]  Оди на страна Предходна  1, 2
Автор Порака
 Наслов на мислењето: За Римокатоличката „духовност“
Број на мислењето:#12  ТемаИспратено: 18 Јан./10, 01:41 
Војвода
Војвода
Членски аватор

Регистриран: 11 Јан./08, 03:27
Мислења: 3195
Би сакал нешто повеќе да искоментирам за римокатоличката духовност.

Ќе го изложам своето гледиште, ако и има критика тоа би требало да биде во ред. Никој не може да се буни за тоа да биде критикуван и оценуван. Би сакал на коректен начин да ги слушнам и Римокатолиците каков одговор ќе дадат за да ме предомислат околу овие критики и размислувања.

Слика


Православните Цркви и Римокатолиците се разделиле во 1054 година.
Мое мислење во најдлабока смисла на проблемот на поделбата го гледам во тоа што Римокатолиците се исплашиле да веруваат. Да веруваш значи да правиш добро според верата и кога реалноста те убедува дека тоа ќе биде опасно за тебе. Според мене тоа е искушението и на моќта. Луѓето кога имаат можност за да бранат нешто со исправност и да употребат моќ за да го бранат истото, не се способни да веруваат дека доброто е единственото кое брани и превземаат средства на моќта, а не на љубовта. Меѓутоа средствата на моќта се краткотрајни. Тоа ја покажува илузијата на моќта и трајноста и неизменливата вредност на љубовта која единствено трајно го менува светот кон подобро. Секој христијанин кој има граници во чинењето на доброто и се повинува на реалностите, Бог го нарекол „недостоен да биде негов ученик“. Ова учење за спремноста да се скока во празно, но да се заврши сигурно е наречено „salto mortale“. Христијанинот на светот помалку гледа како на илузија. Илузија која сака да го заплаше и го искушува да се откаже од средствата на љубовта и да превземе од средствата на моќта.
Веќе неколку векови пред 1054 година Римската Црква како една од 5те Цркви на Едната Католичанска (соборна) Црква се обидувала да се наметне над другите. Таа пред тоа многу пати била истакната во борбата за верата, но подоцна секој кој се смета за нешто повреден од другите паѓа во стапиците на гордоста и суетата. Така што на Вселенските Собори папата никогаш не дошол. Обично испраќал по 2 легати кои во име на Римската Црква прифаќале или одбивале од она кое сите други го прифаќале. Што значи нивната гордост одела дотаму што и си пребирале кое од правилата ќе важи за нив кое е прифатено од другите. Ова сакаме.., ова не сакаме.., ова ни одговара.., ова не ни одговара... Како да е нешто со што може да се тргува. Исто така имало и Вселенски Собори кога и воопшто не испраќале ниту легати како претставници.
Недоаѓањето на римокатоличкиот патријарх - папа било затоа што ако дошол, кога ќе се најдел во рамноправно ниво со другите не ќе можел да бара примат над останатите. Затоа и не идел, туку испраќал легати кои како што пишав искажувале моќ и си пребирале што од правилата ќе прифатат.
Ако Вселенските собори се највисок авторитет на Христијанското верување, толкувањата на Библијата и преданието и за Православните и за Римокатлиците, а премолчено и за Протестантите. Се поставува прашањето: „Како папата може да има предност над останатите кога тој не само што на Вселенските Собори не е ставен на прво место, туку тој воопшто не ни идел на тие собори“.
Така што ако од 5 мина РАМНОПРАВНИ еден си замине како се вели: тие го напуштиле него или тој ги напуштил нив. Се разбира бидејќи тие се 4ца, а тој е еден се вели дека тој ги напуштил нив.
Претходната гордост на Римската Црква била толерирана, но се додека гордоста не ги одвлекла во еретичко учење. Така е и во каноните само тогаш може да се реагира и да се отфрли некој. Можеме да не се согласуваме, но ако сме искрени во своите различни убедувања, се додека сме заедно ќе разговараме и порано или подоцна ќе дојдеме до сложност околу спорните прашања. Оној кој ја напушти соборноста тој веќе нема што да убедува дека е во право, тој секако е оној кој згрешил. Со него веќе не може да се разговара, освен ако не одлучи да се врати во рамките на таа соборност. Претходните несогласувања околу наметнувањато на првенството на Рим биле толерирани, но не можело да се толерира кога Рим се обидел да внесе погрешни учења околу веќе решени работи од Светите Отци од претходните Вселенски собори. Тој проблем околу толкувањето на Светото Тројство filioque денес е нашироко признат од самите ватикански теолози како грешка и теолошки неоправдан.

Имајќи го ова на ум низ така сум гледал и римокатоличката духовност. Од тој аспект и може да се разбере, она што им се случувало, начинот на нивното однесување низ историјата, како и сегашното однесување и духовноста. Нивните постапки некогаш и денес потврдуваат дека моќта и принципите на моќта се основата на римокатоличката духовност.
За разлика од протестантите кои делуваат од човек на човек, без систем. Расштркано секој според своето убедување. Кај Римокатолиците активноста се одвива преку политичките врвови. Римокатолиците не дејствуваат многу мисионерски одејќи од човек на човек. Тие се стремат да ги фатат врвовите на моќта. Ја насочуваат енергијата на неколку клучни точки во врвот и од таму да стекнат можност да извршат влијание. Од таму да влијаат на цели заедници, држави, региони за да се зачува нивната римокатоличка етика. Тоа е соодветно на духовноста која не верува во силата на Бог и Небесното, туку и се поклонува на земската моќ за сопствениот опстанок. А земското е залажливото, спротивно на духовното и вистинското.
Стравот да се ризикува за Верата и превземањето на (моќ) политички средства ги одвои од духовноста бидејќи се префрлија во област која е чисто световна. Така станаа етичка и морална институција која развива филозофски учења и системи, а не духовен организам Црква каде рационалното има граници и многу често престанува да важи. Стариот проблем кој се јавува уште во коренот.
Така дојде до институција која делува како корпорација. Има илјадници милијарди евра капитал. Затворена по својот карактер. Дејствува како корпорација, има своја држава, има свое разузнавање, директно се меша во државните и политичките работи внатре во државите и меѓународно. Не од духовен туку од политички аспект. Поседува архиви кои се меѓу најобезбедени објекти на планетата. Што е сосема спротивно од Христовиот дух кој на судот пред Синедрионот ако со нешто се бранел биле зборовите дека се било јавно и ништо не било сокриено. Верувам дека нашата Православна Црква сеуште го содржи отворениот карактер и немаме ниту архиви ниту било што друго кое се крие од јавноста.

Такво е „мисионерското“ делувањето на Ватикан. Преку големото богатство ги привлекува луѓето кои помалку се духовни, а повеќе го ценат надворешното богатство. Така низ системот на порозност Ватикан веќе со векови се обидува да продре во врвовите на Православните Цркви. Да стави или да привлече Владици, епископи и преку нив да влијае на Православната Црква. Таквото дејствување потпомогнато со природата на сегашното време веќе дава успех, само што не е видливо за лаиците. Според моите испитувања, во неслогата на Православните Цркви како главен надворешен фактор е Ватиканската инкорпорираност. Зад сето ова постојат јасни докази и показатели.

Впрочем за падот на Византискиот Православен конгломерат колку што е виновен Исламот уште повеќе е виновен Ватикан со своите лажни ветувања за помош и потпора, со подметнатите и поткупените луѓе, завери, одземањето на економската сила преку лукаво одземање на трговските права, поттикнувањето на националните и феудалните поделби внатре и тн.
Во тој поглед иако според учењето Ватикан е најблизок до Православието едни за други сме најопасни противници. Исламот ни приближно не е опасен за Православието како Римокатоличкото дејствување кое го користело и го користи Исламот за судир со Православните. Меѓусебно трошење во судирот на муслиманите со православните христијани, што им овозможи претходно и во иднина да ја одржат превласта. Во спротивно при подигнување на материјалната моќ на Православните народи, поради супериорноста на Вистината над лагата би дошло до пробив и освојување на Римокатоличкиот простор.

Милениумскито дуел меѓу Православниот исток и Ватиканскиот запад после 1054 година не е завршен до ден денес. Иако Византија не постои стравот од меѓусебното разбирање и сложност на православните народи што ќе им донесе сила и напредок, подземно ја продолжува таа борба. Од разните разузнавачки дејствувања на балканската територија Ватиканското разузнавачко дејствување е најприкриеното и најперфидното.

Св. Игњатије (Брјанчанинов) († 1876 г.):„Папизам - така се нарекува ереста која се појавила на запад и од која, како гранки од стебло, израснале различни протестантски учења. Папизмот ги присвојува и му ги дава на папата Христовите особини, а со тоа го отфрла Христа. Некои западни писатели тоа отфрлање готово јавно го изрекле, говорејќи дека е далеку помал грев одрекување од Христос, отколку одрекувањето од папата. Папата е идол на папистите - тој е нивното божество.



_________________
...на гробиштата ќе изникнат цвеќиња за некои далечни поколенија...
Отсутен
 Профил  
 
Известување

Оваа статија има 18 мислења

Мора да влезете како регистрирани за да можете да ги читате останатите коментари од оваа статија.


Регистрација Влез
Кон врвот
Покажи постара статија:  Подреди по  
 Страна 22 [ 19 мислења ]  Оди на страна Предходна  1, 2


Присутни

Оваа статија ја разгледуваат: Нема регистрирани членови и 1 гостин


Вие Не може да поставите нова статија на овој форум
Вие Не може одговорите на статии на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум
Вие Не може да ставате атачменти во овој форум

Оди до:  

cron