Сега е точно: 11 Сеп./10, 02:57

Часовна зона: UTC + 1 час [ Летно време ]




 Страна 11 [ 1 мислење ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Утре во Хаг статусна конференција за Тарчуловски
Број на мислењето:#1  ТемаИспратено: 18 Феб./10, 18:20 
Комита
Комита
Членски аватор

Регистриран: 03 Jул./09, 19:57
Мислења: 127
Локација: Munich - Strumica / Минхен - Струмица
Хашкиот трибунал на статусната конференција закажана за утре треба да го соопшти терминот на објавување на пресудата по жалбата на Јохан Тарчуловски за 12-годишната затворска казна за случајот „Љуботен“.
Слика
„На конференцијата што е закажана во 14:15 часот, според утврдената процедура на постапување на Трибуналот во Хаг, судиите, обвинителите и адвокатите треба да направат преглед на предметот. Предвидено е обвинетиот да се изјасни за здравствената состојба и за третманот што го има во притворот во Шевенинген“, изјави за МИА Антонио Апостолски, адвокатот на Тарчуловски. Пресудата по жалбата ќе биде конечна.

Oдбраната на Тарчуловски на последната јавна седница во Хашкиот трибунал образложувајќи ја поднесената жалба за изречената 12-годишна затворска казна, побара тој да биде ослободен од сите обвиненија, бидејќи не е одговорен за полициската акција во Љуботен, бидејќи таа била легитимна и според меѓународното право не може да се смета за воено злосторство. Љуботен, според одбраната, е случај без директен доказ за извршено воено злосторство, кој има локален карактер и треба да се процесуира во Македонија.

Обвинителството, пак, остана на тврдењето дека акцијата во Љуботен била нелегитимна и преземена како одмазда за претходното убиството на десет припадници на безбедносните сили.

Јохан Тарчуловски и Љубе Бошкоски беа единствените македонски државјани кои беа процесуирани во Хашкиот трибунал за случувањата за време на конфликтот во Македонија во 2001 година. Судскиот совет на 12 јули 2008 го ослободи Бошкоски од обвиненијата за извршените злосторства во скопското село Љуботен, а Тарчуловски го осуди на казна затвор од 12 години.

Јохан Тарчуловски е во затворот во Шевенинген од 16 март 2005 година кога по барање на Хашкиот трибунал беше екстрадиран од Македонија во Холандија.


:mkdarklover СЛОБОДА ЗА ЈОХАН :mkdarklover



_________________
како Грците уца од Македонците на времето oд Филип II и Александер III
Грцки:
Eladda, Pippa
Македонски:
Ella Pipaj Go

!Македонско Братство!
!Macedonian Brotherhood!
!Makedonische Brüderschaft!

!!!NUKE ATHENS!!!
СликаСлика
Отсутен
 Профил  
 
Покажи постара статија:  Подреди по  
 Страна 11 [ 1 мислење ] 

Часовна зона: UTC + 1 час [ Летно време ]


Присутни

Оваа статија ја разгледуваат: Нема регистрирани членови и 1 гостин


Вие Не може да поставите нова статија на овој форум
Вие Не може одговорите на статии на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум
Вие Не може да ставате атачменти во овој форум

Оди до: