Сега е точно: 11 Сеп./10, 04:04

Часовна зона: UTC + 1 час [ Летно време ]




 Страна 11 [ 2 мислења ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Македонските младинци надвор од РМ
Број на мислењето:#1  ТемаИспратено: 04 Maр./10, 13:21 
Војвода
Војвода
Членски аватор

Регистриран: 11 Јан./08, 03:27
Мислења: 3195
ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА СТУДЕНТИТЕ МАКЕДОНЦИ ПО ПОТЕКЛО НАДВОР ОД РЕПУБЛИКАТА КОИ СТУДИРААТ ВО МАКЕДОНИЈА КАКО ВЛАДИНИ СТИПЕНДИСТИ

01 март 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Вчера во Скопје Македонците по потекло надвор од територијата на Република Македонија кои како стипендисти на македонската влада студираат на универзитетите во Републикава одржаа изборно собрание на Македонското студентско друштво за периодот 2010-2012 година. Мнозинството од вкупно 138 студенти членови на Македонското студентско друштво со тајно гласање меѓу двајца кандидати, Сандри Митре и Ставре Митре, за претседател го избраа Сандри Митре, студент на трета година на Правниот факутлет во Скопје од областа Мала Преспа, Република Албанија.

За потпретседатели на Македонското студентско друштво беа избрани Ивица Ристески од Република Србија, Роза Костадинова од Република Бугарија и Нико Китани од Република Албанија. За секретар е избрана Петрина Папа, а за благајник Ѓорѓи Настевски. За координатор на активот на Македонското студентско друштво за Битола избран е Санди Јанкула, а за координатор на активот на Македонското студентско друштво за Штип избран е Јовица Наумовски.

Македонското студентско друштво го прогласи составот на претседателството: Сандри Митре, Ивица Ристески, Роза Костадинова, Нико Китани, Петрина Папа, Ѓорѓи Настевски, Санди Јанкула, Јовица Наумовски, како и координаторите на активите за Охрид и Прилеп кои дополнително ќе бидат избрани.

За надзорен одбор на Македонското студентско друштво избрани се Александар Малевски претседател и Соња Давидова и Мирко Настовски членови.

Студентите побараа подобри услови за сместување во студентските домови од тврда градба, подобри услови за студирање, редовна комуникација со министерствата за надворешни работи и образование и наука и со универзитетските власти. Укажаа на потребата од почести средби и дружења, заеднички екскурзии низ Македонија и забави. Останаа приврзани на определбите за безрезервна поддршка и активности во македонските заедници и партии во земјите од каде што доаѓаат, заради унапредување на правата и положбата на Македонците, како и на врските со матичната земја Македонија.

Со собранието претседаваше претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

- Сакам да упатам посебен апел до сите Вас, со што помалку проблеми, навремено да ги завршите студиите и се вратите во државите од каде што сте дојдени за да придонесете во развојот, правата и положбата на македонските заедници на коишто припаѓате, поради што и Владата на Република Македонија го стипендира вашето образование како Македонци по потекло надвор од територијата на Република Македонија, - им порача претседателот на СМК Тодор Петров.

Студентското друштво на Македонците од Албанија и Студентското друштво на Македонците од Бугарија формирани се со одлука на Светскиот Македонски Конгрес на 12 април 1995 година. На 23 март 2003 година, заради намалување на бројот на владините стипендисти, Студентското друштво на Македонците од Албанија и Студентското друштво на Македонците од Бугарија се обединија во едно и единствено Студентско друштво на Македонците од соседните земји на Република Македонија. Имајќи предвид дека Владата го прошири стипендирањето на Македонци по потекло, не само од соседните земји на Републиката, туку и од други држави каде што живеат Македонци, на изборното собрание одржано на 28 февруари 2010 година, Студентското друштво на Македонците од соседните земји на Република Македонија донесе одлука да се применува во Македонско студентско друштво.



_________________
...на гробиштата ќе изникнат цвеќиња за некои далечни поколенија...
Отсутен
 Профил  
 
Известување

Оваа статија има 1 мислење

Мора да влезете како регистрирани за да можете да ги читате останатите коментари од оваа статија.


Регистрација Влез
Кон врвот
Покажи постара статија:  Подреди по  
 Страна 11 [ 2 мислења ] 

Часовна зона: UTC + 1 час [ Летно време ]


Присутни

Оваа статија ја разгледуваат: Нема регистрирани членови и 1 гостин


Вие Не може да поставите нова статија на овој форум
Вие Не може одговорите на статии на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум
Вие Не може да ставате атачменти во овој форум

Оди до:  

cron