Кога фосилните извори на енергија еден ден ќе ги снема, се поставува прашањето: што може да биде најдобра замена за нив? Aлгите, велат научниците. Германски научници објаснуваат како е тоа можно.
(Одгледување на микроалги во специјални пластични црева)
Не се сите научници убедени во исправноста на идејата дека растителните организми што се способни да вршат фотосинтеза, можат да помогнат во разрешување на проблемите со енергија. Микроалгите, што се одгледуваат на големи плантажи би можеле да произведуваат биоетанол само од сончева енергија и јаглерод диоксид, како замена за бензин или пак, биолошки керозин. Голема предност на алгите е тоа што за нивното одгледување не е потребна земја. Поголемиот број научници претпочитаат одгледување на алгите во т.н. фото-биореактори од една едноставна причина - условите за одгледување на организмите можат најдобро да се контролираат во затворен систем.

(Во иднина е можно авионите да летаат со керозин добиен од микроалги)
Биолошки бензин од микроалгиОлаф Краузе, професор по биотехнологија на алгите на универзитетот во Билефелд заедно со колега од Австралија раководи еден нов меѓународен научен конзорциум. Негова цел е поттикнување на производството на биолошки бензин со помош на микроалги. Во статија објавена во научното списание „Нејчр бајотехнолоџи“ научниците предлагаат алгите да се користат повеќепати, и тоа во големи био-рафинерии, кои покрај биоетанол и биокерозин можат да произведуваат и други корисни материи.

(Предноста на алгите е тоа што можат да се одгледуваат во затворени плантажи)
Која е предноста од алгите?„Тоа би можеле да бидат т.н. висококвалитетни производи. Тоа се сите производи, кои се од интерес за фармацевтската и козметичката индустрија. Но, тоа можат да бидат и производи за добиточна храна, како на пример за одгледување на риби или на кокошки. Сметам дека доколку се комбинира производството на биоенергија со повеќенаменско користење на алгите, дека тоа ќе го направи реално користењето на микроалгите во биоенергетски цели“, објаснува Олаф Каузе.
Наспроти сите технолошки спорови, научниците се согласни дека дури и доколку сегашните идеи се покажат како добри, ќе биде потребно уште подолго време додека на безинските пуми да се појави биолошки бензин од алги.