Сега е точно: 09 Сеп./10, 05:53

Часовна зона: UTC + 1 час [ Летно време ]




 Страна 11 [ 2 мислења ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Проѕирен човек
Број на мислењето:#1  ТемаИспратено: 28 Oкт./09, 20:26 
Аѓутант
Аѓутант
Членски аватор

Регистриран: 06 Jул./08, 15:12
Мислења: 307
Локација: Македонија
Соломон Шерешевски знаел, како се чувствува човек кој има перфектно памтење. Како се чувствува човек кој е проколнат сите поединости од животот да ги памти. Во триесетите години, русинот се прослави. Илјадници листи со броеви, беззначајни слогови, поговорки на странски јазици, сето тоа го можел, само едно не можел... барем за една минута да ги избрише податоците од својата меморија, а тоа го доведувало до лудило.
Звучи парадоксално, но една од најголемите предности на човековиот мозок е да „ЗАБОРАВА“. Тоа ни помага да ги филтрираме „неважните“ информации од „важните“.
Но, наскоро може на сите нас да ни се случи судбината на Шерешевски, додуше не со нашата меморија, ами со ИНТЕРНЕТОТ, нашата дигитална меморија... Интернетот памти СЕ... Веќе со години ги меморира сите наши активности во светската дигитална мрежа, било да е тоа најобично барање на информации или контактирање со пријатели. Секоја ставена фотографија на „Facebook“ или пак можеби некоја наша политичка замерка. Постојано се само одредени кратки информации, но секоја веб страна собира по неколку. Ако нашиот компјутер е наместен да акцептира „Cookies“, тогаш ние доброволно даваме многу повеќе информации за нашите посети на разноразни интернет портали. Сето тоа се наоѓа на разни сервери од кои многу не се јавно достапни, но што ако НЕКОЈ може СИТЕ информации за нашето однесување на интернет да ги собере на едно место??? Можеби денес ќе кажеме нешто што во моментов е исправно, но по неколку години, кажаното може да се употреби против НАС...
Платформи како Xing, Facebook и компанија меморираат големо количество информации за нас. Ние може подоцна да го избришеме нашиот профил, но во вистинска смисла на зборот, нашиот профил само ќе биде блокиран, но не и избришан. Треба посебно да се замолат одговорните за да ги избришат нашите профили, но дури ни тогаш нема да бидат избришани нашите коментари оставени кај нашите соговорници, по гостинските книги, фотогалериите, форумите, чатовите и т.н. За тоа е потребно администраторот лично да се зафати со работа и да ги избрише сите наши искази и коментари... По сето тоа, сеуште постојат информации за нас по разноразните пребарувачи како што е „Google“. Постојат интернет служби како на пр. „Reputation Defender“, кои можат да ги избришат сите трагови на нашето постоење во интернет, но тие најчесто бараат 30 евра за таа услуга. Можеби сте интернет корисници на банковното конто, можеби ја има вашата адреса во телефонски именик во интернет или пак имате интернет конекција преку вашиот мобилен телефон!?!
Big brother is watching You...



_________________
Повторно сме помалубројни и повторно за инат ќе победиме. НИКОЈ не може да се спротистави на еуфорични МАКЕДОНЦИ, посебно не кога се ОБЕДИНЕТИ...
Отсутен
 Профил  
 
Известување

Оваа статија има 1 мислење

Мора да влезете како регистрирани за да можете да ги читате останатите коментари од оваа статија.


Регистрација Влез
Кон врвот
Покажи постара статија:  Подреди по  
 Страна 11 [ 2 мислења ] 

Часовна зона: UTC + 1 час [ Летно време ]


Присутни

Оваа статија ја разгледуваат: Нема регистрирани членови и 1 гостин


Вие Не може да поставите нова статија на овој форум
Вие Не може одговорите на статии на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум
Вие Не може да ставате атачменти во овој форум

Оди до:  

cron